УСАИД им помага на земјоделците да научат како полесно да дојдат до финансии

Bez autora
Dec 01 2011

Програмата АгБиз на УСАИД денес одржа форум за склучување на партнерства под името "Како полесно до финансии и алтернативни начини на финансирање на Вашиот бизнис". Целта на форумот за да им помогне на компаниите од земјоделието да научат за можностите кои македонскиот финансиски пазар ги нуди, а кои се во склад со нивните потреби. Претставници од водечки македонски банки и финансиски институции, вклучувајќи ја и Македонската банка за подршка на развојот, (МБПР), Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд, НЛБ Лизинг, Штедилница Можности, и Развојна фондација Кримсон, ги презентираа нивните корпоративни финансиски производи и услуги пред претставници од преку 30 компании од секторите за свежо овошје и зеленчук и преработки од зеленчук. Една од трите клучни теми беше новиот финансиски производ "факторинг", кој МБПР неодамна го воведе со поддршка на УСАИД, и кој пред сè им овозможува на извозниците да пристапат до финансии без дополнителни гаранции и хипотеки.

УСАИД им помага на земјоделците да научат како полесно да дојдат до финансииПрограмата АгБиз на УСАИД денес одржа форум за склучување на партнерства под името "Како полесно до финансии и алтернативни начини на финансирање на Вашиот бизнис".

Целта на форумот за да им помогне на компаниите од земјоделието да научат за можностите кои македонскиот финансиски пазар ги нуди, а кои се во склад со нивните потреби.

Претставници од водечки македонски банки и финансиски институции, вклучувајќи ја и Македонската банка за подршка на развојот, (МБПР), Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд, НЛБ Лизинг, Штедилница Можности, и Развојна фондација Кримсон, ги презентираа нивните корпоративни финансиски производи и услуги пред претставници од преку 30 компании од секторите за свежо овошје и зеленчук и преработки од зеленчук.

Една од трите клучни теми беше новиот финансиски производ "факторинг", кој МБПР неодамна го воведе со поддршка на УСАИД, и кој пред сè им овозможува на извозниците да пристапат до финансии без дополнителни гаранции и хипотеки.

"Пристапот до финансиски производи скроени за потребите на компаниите е критичен за успехот на секој земјоделски бизнис" рече директорот за Еконосми развој во УСАИД, Џосеф Лесард.

Според него, „свесност за користење на локалните можности за финансирање на една фирма може да и обезбеди продолжен раст, конкурентност, пристап до пазарот, извозно проширување, и создавање на работни места."

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik